Манекс Корпорација АД покрај богатото портфолио на реализирани објекти од зградна и индустриска автоматизација, започна ново поглавје во своето работење наречено - роботика.

На 21 Февруари имавме чест заедно со нашите партнери Yugoimpex woodworking machinery да ја одржиме првата презентација на тема роботика и автоматизација на процеси во дрвната индустрија.

IMG_0354

Решението преставуваше роботска апликација која целосно го автоматизира процесот на работа на CNC машина за обработка на дрво-модел  Evolution 7405 без присуство на оператор,притоа извршувајќи ги сите операции со највисока прецизност.

Целата апликација се состоеше од CNC машина Evolution 7405, роботска рака од јапонскиот производител FANUC, грипер од Gimatic и ниско напонска табла со компоненти од Schneider Electric .

Решението кое го презентиравме пред повеќе од 60 посетители од регионот покажа импресивни резултати и привлече големо внимание.

Воедено со овој настан сакавме да ги информираме преставниците од индустријата дека имплементирањето на автоматизирани решенија,базирани на робот во голема мерка ќе ја подобри ефикасноста и квалитетот на самото производството.

Голема благодарност на сите присутни на настанот и посебно до нашите соработници #Yugoimpexwoodworkingmachinery, #FANUC и #Gimatic.


Share: